| четврток, 6 декември 2018 |

Големи, големи, ама овие се преголеми

Мажите сакаат големи гради, но се што е претерано, нечини.  37-годишната Американка Челси Чармс тврди дека нејзините гради не престануваат да растат и дека секој месец се поголеми за 2,5 сантиметри. Тие и тежат дури 24 килограми, што е половина од нејзината тежина. Висока 157 сантиметри.

„Кралица на градите“ е егзотичната стриптизета. Има вградено имплантанти кои се забранети во САД, и сега го иритираат внатрешното ткиво поради што се создава течност од која тие набабруваат, а градите се зголемуваат. Таа и официјално е  светска рекордерка во големината на градите, но во нив има 12 литри течност, која лекарите повремено и ја отстрануваат.

– Не сакав да имам најголеми гради на светот. Но ете, моите гради решиле да бидат најголеми. Луѓето ме прашуваат зошто не ги намалам, но јас прашувам зошто би го сторила тоа? Па не се срамам од нив, тие се моето најголемо богатство –вели Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top