Подготвителните натпревари во НБА-лигата се во тек, нашиот Перо Антиќ веќе одигра неколку натпревари за неговиот нов тим Атланта хоукс.
Сепак, Перо не го скрши обрачот при забивање, туку за фотосесија. За тоа првото ќе почекаме да почне сезоната.
Станува збор за фотосесија за насловната страница на магазинот на Атланта, кој ке излезе во ноември.
Врати го обрачот назад на таблата Перо, вака гласи коментарот на официјалната страница на „Фејсбук“ на тимот на Атланта хоукс.
Можеби Атланта нема толку фанови како останатите тимови од НБА, но со сигурност сега ќе станат многу популарни во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


