| четврток, 6 декември 2018 |

Блатер нема намера да си оди од ФИФА

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, изјави дека планира да остане на чело на оваа организација и по истекувањето на неговиот мандат во 2015-та година

sep-500

Се чувствувам доволно млад да седам во својата канцеларија. Овде сум многу долго време, имам мисија и очекувам да ја исполнам,  изјави Швајцарецот за „Би-Би-Си“.

На прашањето дали ќе се кандидира на следните избори, Блатер повторно е самоуверен.

– Ја почнуваме втората година од мандатот, ова прашајте ме идната година – додава тој.

Виталниот 79-годишен Блатер беше единствениот кандидат за позицијата на изборите во 2011 година, кога доби 186 од вкупно 203 гласа. Тогаш наведе дека планира претседателскиот мандат да го продолжи на осум години.

– Менувањето на четиригодишниот во осумгодишен мандат е добар пристап и јас би го поддржал – заклучи првиот човек на светската куќа на фудбалот.

ФИФА од основањето имала само осум претседатели: Роберт Гуерин (1904-1906), Даниел Барли Вулфал (1906-1918), Жил Риме (1921-1954), Родолф Селдаерс (1954-1955), Артур Друди (1955-1961), Стенли Роуз (1961-1974), Жоао Авеланж (1974-1998), а Блатер функцијата ја презеде во 1998 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top