| четврток, 6 декември 2018 |

Арсовски: Ни­миц да го из­ве­сти Со­ве­тот за без­бед­ност на ООН де­ка спо­рот не­ма ре­ше­ние

arsovski-2

Обе­ди­не­ти­те на­ции се ор­га­ни­за­ци­ја со сло­жен ме­ха­ни­зам во до­не­су­ва­ње ре­зо­лу­ции, но и со нив­но со­од­вет­но пов­ле­ку­ва­ње. Ре­зо­лу­ци­и­те 845 и 817 се на Со­ве­тот за без­бед­ност и тоа нај­ви­со­ко опе­ра­тив­но те­ло мо­ра да би­де ин­фор­ми­ра­но од по­сред­ни­кот за ко­неч­ни­от ре­зул­тат, ре­ше­ние или ќор-со­как. Мој став е де­ка ако за еден проб­лем по­ве­ќе од два­е­сет го­ди­ни не­ма ре­ше­ние, тоа зна­чи де­ка не­ма ре­ше­ние и чес­но е по­сред­ни­кот да го из­ве­сти СБ на ООН, вели првиот амбасадор на Македонија во Грција, Љупчо Арсовски во интервју за неделникот Република.

Гос­по­ди­не Ар­сов­ски, во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век бе­вте ам­ба­са­дор на Ма­ке­до­ни­ја во Гр­ци­ја. Мо­же­те ли да на­пра­ви­те па­ра­ле­ла на то­гаш­на­та и на се­гаш­на­та грч­ка по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја во од­нос на проб­ле­мот за име­то?

АРСОВСКИ: Па­ра­ле­ла­та на то­гаш­на­та и на се­гаш­на­та грч­ка по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја во од­нос на проб­ле­мот за име­то е мно­гу ед­но­став­на би­деј­ќи нив­на­та стра­те­ги­ја и то­гаш и се­га е јас­на – мо­ра да има про­ме­на на име­то. За вре­ме на вла­да­та на Ми­цо­та­кис беа про­мо­ви­ра­ни пр­ви­те „кон­ту­ри“ на стра­те­ги­ја­та со по­зи­ци­ја­та „не­ма приз­на­ва­ње на но­ва­та др­жа­ва со име во кое по­стои збо­рот Ма­ке­до­ни­ја или неј­зин де­ри­ват“ со тек на вре­ме во вид на не­ка­ква до­бра вол­ја или пов­ле­ку­ва­ње за­поч­наа игри­те со нив­ни пред­ло­зи со шпе­ку­ла­ции за де­се­ти­ци и де­се­ти­ци при­да­вки пред или по име­то Ма­ке­до­ни­ја за да се зац­вр­сти ста­вот де­ка тоа но­во име (до­кол­ку се по­стиг­не ре­ше­ние) ќе тре­ба да би­де за ко­ри­сте­ње во вкуп­ни­от ме­ѓу­на­ро­ден со­о­бра­ќај (?!).

 Kоја е глав­на­та при­чи­на­та за твр­да­та грч­ка по­зи­ци­ја? Да­ли име­то е ви­стин­ски­от проб­лем што го има Гр­ци­ја со Ма­ке­до­ни­ја или зад тоа се крие не­што дру­го?

АРСОВСКИ: По­тре­бен е по­долг про­стор за об­јас­ну­ва­ње или од­го­вор на овие две пра­ша­ња. По­ве­ќе од си­гур­но е де­ка зад ед­но­стра­но­то на­мет­ну­ва­ње на пра­ша­ње­то за име­то се кри­јат грч­ки по­зи­ции од дам­неш­ни вре­ми­ња. На при­мер, ка­ко Ку­куш (Кил­кис) не­ко­гаш  имал са­мо де­се­ти­на про­цен­ти грч­ко на­се­ле­ние, а де­нес има ре­чи­си сто про­цен­ти? Слич­на е со­стој­ба­та во це­ла Се­вер­на Гр­ци­ја, ад­ми­ни­стра­тив­на еди­ни­ца, чи­е­што име во 1984/85 го­ди­на бе­ше про­ме­не­то од грч­ка­та вла­да во Ма­ке­до­ни­ја и Тра­ки­ја. За овој се­ве­рен ре­ги­он на јуж­ни­от со­сед  е вр­за­но пра­ша­ње­то за имо­ти­те на Ма­ке­дон­ци­те, кои со при­ти­сок, те­рор, раз­ме­на на на­се­ле­ние ме­ѓу Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја, ги на­пу­шти­ја род­ни­те се­ла, ку­ќи, ни­ви и плод­ни ора­ни­ци и шу­ми за да не мо­жат ве­ќе ни­ко­гаш да се вра­тат во род­ни­от крај и да вла­де­ат со де­до­ви­на­та.

Кол­ку не­е­динс­тво­то на ма­ке­дон­ски­те пар­тии, од­нос­но раз­лич­ни­те ста­во­ви на глав­ни­те по­ли­тич­ки суб­је­кти во др­жа­ва­та во од­нос на на­о­ѓа­ње ком­про­мис­но ре­ше­ние по­ма­га во одр­жу­ва­ње­то на грч­ка­та по­зи­ци­ја пред ОН и пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца?

АРСОВСКИ: Ка­ко дип­ло­мат од ка­ри­е­ра би од­го­во­рил мно­гу ку­со, из­бри­ше­те го пр­ви­от збор  (кол­ку) од ва­ше­то пра­ша­ње и го има­те од­го­во­рот „не­е­динс­тво­то на ма­ке­дон­ски­те пар­тии, од­нос­но раз­лич­ни­те ста­во­ви на глав­ни­те по­ли­тич­ки суб­је­кти во др­жа­ва­та во од­нос на на­о­ѓа­ње­то ком­про­мис­но ре­ше­ние по­ма­га во одр­жу­ва­ње­то на грч­ка­та по­зи­ци­ја пред ОН и пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца?“

 

Целото интервју може да го прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 25 октомври)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top