Бразилскиот фудбалски интернационалец од редовите на Барселона Нејмар, изјави дека се надева оти неговата екипа ќе го победи Реал од Мадрид.
Дополнително, младиот напаѓач на „Кариоките“ очекува тој да има добро деби во „ел класико“.
„Ел класико“ е најважниот натпревар за кој било играч. Тоа е меч кој секој фудбалер има желба да го одигра и дуел во кој секој поединец сака да го покаже најдоброто што го има“, вели Нејмар.
Пресметката меѓу вечните ривали, која отсекогаш привлекувала внимание и многу подалеку од Пиринеите, поточно нејзината најнова епизода, ќе се одигра в сабота од 18 часот на „Ноу Камп“.
„Ова ќе биде мојот прв ел класико натпревар и се надевам дека ќе имам добро деби, по можност со победа“, додава Нејмар.
„Се сеќавам на ел класико, мислам дека беше 2005-та година, кога Роналдињо постигна два погодока. Тоа е соочувањето меѓу Реал и Барса кое најмногу го паметам“, заклучи Бразилецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.