
Русокосото девојче кое во Даблин беше од земено од родителите, Роми, поради сомнение дека не е нивн дете, е вратено дома. Судсот донел одлука да го врати детето на родителите по извршената ДНК анализа која потврдила дека седумгодишното девојче е навистина дете на своите родители.
Пред три дена ирската полиција го одведел детето од неговото ромско семејство по пријавата на еден од нивните соседи. Човекот го следел на телевизија случајот со русокосото девојче во Грција, кое тамошната полиција го најде во едно ромско семејство и за кое се покажа дека мажот и жената што го чувале не се негови родители.
Поттикнат од овој случај, Ирецот ја информирал даблинската полиција дека и во неговото соседство има ромско семејство, во кое живее синооко и русокосо девојче.
По полициската интервенција родителите на детето се обидувале да ги уверат властите дека станува збор за грешка, покажувајќи им крштелен лист, како и пасош за девојчето, но полицијата не ги прифатила тие докази, затоа што болницата каде што се родило немала податоци за раѓањето на детето.
Тогаш било наложено вршење на ДНК анализа, која ги уверила полицијата и судот дека девојчето треба да се врати . Сестрата на девојчето која има 18 години ја обвини полицијата во Даблин за расизам и за нанесување трауми на целото семејство.
– Тие ја земаа сестра ми само затоа што е русокоса и синоока, а такви има многу во Романија. Јас имав руса коса, а и мајка ми била русокоса кога била малечка, изјави сестрата на девојчето, најавувајќи тужба за полицијата од страна на семејството.
Ромското семејство потекнува од Романија, а во Република Ирска се наоѓа веќе 12 години. Од шесте машки и женски деца само „сомнителното“ девојче е русокосо и синооко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


