| четврток, 6 декември 2018 |

МЕПСО создава услови за електрификација во „Ќојлија“

mepso logo

Новата разводна 110 киловолтна постројка што МЕПСО ја гради во општина Петровец ќе создаде предуслови за квалитетна електрификација на мултифунционалната деловна зона „Ќојлија“ која треба да биде генератор на економскиот раст на општината, заклучија Синиша Спасов, генералниот директор на А.Д. МЕПСО и Борче Митевски, градоначалникот на општина „Петровец“ при денешната посета на постројката што ја гради А.Д. МЕПСО. Во 110 киловолтната разводна постројка, А.Д. МЕПСО инвестира повеќе од еден милион евра и планирано е истата да биде пуштена под напон до крајот на оваа година.

– МЕПСО инвестира над 1 милион евра во 110 киловолтната разводна постројка што ја гради во општина „Петровец“ со цел да се поврзе постоечката трансформаторска станица на преносната мрежа. Со ова создаваме предуслови за стабилно и квалитетно снабдување со електрична енергија на таа општина и создаваме услови за доверлива работа на електроенергетскиот систем, истакна Спасов.

Градоначалникот Митевски потенцираше дека оваа инвестиција во енергетската инфраструктура значително ќе ги подобри условите за еконоски развој на општина „Петровец“.

– Деловната зона „Ќојлија“ е наш адут за создавање нови работни места и економски раст на нашата општина. Оваа инвестиција на А.Д.МЕПСО ќе создаде предуслови за квалитетно напојување со електрична енергија на деловната зона „Ќојлија“. Со тоа ќе обезбедиме услови за сите потенцијални инвеститори во зоната, потенцираше Митевски.

Мултифункционалната деловна зона „Ќојлија“ е предидена да се гради на 196 хектари. Наменета е за големи трговски објекти, хотели, лесна и незагадувачка индустрија, објекти за образование, бензинска пумпа и објекти за вршење здравствена дејност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top