Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со новиот претставник на ОБСЕ во Македонија, Астрид Торс. Тие разговарале за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, меѓуетничките односи во Македонија и решавање на спорот со Грција.
– Ѝ објаснив на претставничката на ОБСЕ дека решавањето на спорот за името, проблем, чиешто решавање би ги засилило и меѓуетничките односи и односите со соседите, ќе имаше и директно влијание на прогресот на евроинтграциите – рече Ахмети.
Зборувајќи за претстојната средба на посредникот Метју Нимиц со преговарачите на двете страни Василакис и Јолески, Ахмети вели дека треба да се интензвираат активностите со сите меѓународни институции со цел да се пронајде соодветно решение со кое ќе се надмине долгогодишниот проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.