На чешкиот првак Викторија Плзењ никако не му оди кога игра против екипи што ги предводи Пеп Гвардиола во Лигата на шампионите. Фрапантно звучи податокот дека вторпат по ред не шутнаа на гол, против состав чиј кормилар е шпанскиот стратег. Вчера напаѓачите на Плзењ ги немаше никаде, а против Баерн доживеаја дебакл од 0-5 и притоа не упатија ниту еден директен удар кон голот на Мануел Нојер. Затоа на спротивната страна имаше рафална стрелба, а фудбалерите на европскиот шампион Баерн упатија дури 35 удари, од нив 22 во целта упатени кон голманот Козачик.
И претходно кога Гвардиола беше тренер на Барселона, Плзењ не се прослави и остана без директен удар кон голот на Каталонците. Тој меч во 2011 година го судеше македонскиот арбитар Александар Ставрев, а мечот заврши со победа на Барса од 4-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.