За непочитување на законот против пушење може да казнуваат и УЈП и МВР. Со најновите законски измени овластувања за казни добиваат и даночните инспектори и полицајците.
-Ако пушење на место каде е забрането пушењето, а во меѓувреме влезат инспектори од УЈП или униформирани полициски службеници, ќе платите казна од 150 до 300 евра. Измените на законот за заштита од пушење по скратена постапка веќе е во собраниска процедура.
Овие измени ги предлага министерството за здравство. За министерот целта е да се намали пушењето и да се превенираат болестите поврзани со цигарите. Измените биле потребни бидејќи како што велат надлежните често се случувало додека инспектори од УЈП вршеле финаниска контрола во угостителски објекти се пушело пред нив.
Опозицијата остро се спротистави на законските измени на законот против пушење. Граѓаните ќе биле изложени на дополнителен стрес од казни.
– Што бара полицаец да канува во болница, рече Весна Бендевска, пратеник на СДСМ.
Со овие законски измени поголеми овластувања добиваат и 4-те инспекции кои досега санкционираа прекршувања на законот за пушење. Ако ве затекнат со цигара во рака во ресторан или кафе бар, не само пазарната инспекција, казна може да ви пишат и здравствените и трудовите инспектори. Трудовиот инспекторан не само во државни, може да казнува и во приватни фирми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола


