| четврток, 6 декември 2018 |

Сириза заради Македонија против Спогодбата за заеднички европски воздушен простор

grcijaГрчкиот парламент денеска ја ратификува Мултилатералната спогодба меѓу ЕУ и други земји за заеднички европски воздушен простор, но и оваа дискусија не помина без да се спомене прашањето за името на Република Македонија, пренесе МИА.
Договорот беше одобрен со поддршка на владејачките Нова демократија и ПАСОК, додека другите партии, на чело со најголемата опозициска група Сириза, гласаа против тврдејќи дека го повредува националниот суверенитет на Грција.
Имено, пратениците од опозицијата тврдеа дека на овој начин се создава простор Скопје да го користи името „Македонија“ за авиони кои ќе влегуваат во воздушниот простор на Грција и ќе слетуваат на грчки аеродроми.
Заменик-министерот за инфраструктура и транспорт, Михалис Пападопулос, одговарајќи на забелешките на опозицијата, рече дека националните интереси на Грција се целосно покриени, и оти сите партнери во целост ги имаат прифатено законите за воздухопловство утврдени со одлуки на Советот за безбедност и европските стандарди.
Тој додаде дека ова е многу важен договор и е чекор напред во воздухопловниот сектор кој ќе игра одлучувачка улога во промовирањето на интегрирана Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top