Томислав Кежаровски ако воопшто сторил откривање на идентитет, тоа го сторил поради јавниот интерес, а откривање на идентитетот на заштитениот сведок направило службеното лице што му ги соопштило информациите за идентитетот на заштитениот сведок, смета Оливер Ромевски, член на Извршниот одбор на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ).
Тој го повика правосудството итно да ја преиспита пресудата за Кежаровски и во второстепена жалбена постапка, пред Апелациониот суд, да обезбеди судење кое ќе ја гарантира слобода на медиумите.
– Меѓународната судска практика е гаранција на слободата на медиумите, и во случај на објавување најстроги тајни, бидејќи за откривањето на тајните не се виновни медиумите, туку службените лица кои се должни да ги штитат тие тајни. И кога британски „Гардијан“ објави воени тајни на САД, обвинителот не го гони весникот, туку Сноуден, службеното лице кои ги открило тие тајни. Дали судиите согледаа во какво друштво ќе биде Македонија со ваква одлука? – прашува Ромевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.