| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмина средношколци добија пријави за масовната тепачка кај „Пролет“

prolece

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Е.(16), Р.Р.(16), Б.С.(17), М.Л.(16), Д.Р.(16), А.С.(16), Х.М.(16), Е.Х.(16) и Ф.Р.(16),  за сторено кривично дело учество во толпа штo ќе изврши кривично дело. На 9.10.2013 година, околу 19 часот, на ул. „Трета Македонска Бригада“ на автобуската постојка меѓу средните училишта „Марија Кири Склодовска“ и „Владо Тасевски“ пријавените ученици во наведените училишта меѓусебно фрлале тврди предмети (камења и дрва) едни кон други, предизвикувајќи чувство на вознемиреност и страв кај другите присутни ученици, а ги повредиле малолетните лица В.К.(16) и Р.Џ.(17) ученици во наведените училишта, на кои им е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top