
Три вооружени лица вчера извршиле разбојништво во Кичево, јави МВР.
Oколу 21 часот, во Кичево на ул. „Надпашино“, три непознати лица, од кои едно маскирано, носејќи со себе пиштол, гумена палка и секири, влегле во куќата на И.У. (66) и со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над неговата сопруга одземајќи ѝ златен ѓердан, а откако извршиле пребарување по куќата, одзеле уште шест парчиња златен накит. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


