Чудниот камион кој наеднаш запира или ловната пушка која го погодува ловецот наместо дивата свиња.
Ова се два начина на кои многу често гинеа познати дејци на политичката сцена во поранешната југословенска заедница. Веднаш потоа следуваше соопштение за несреќен случај за смртта на народниот херој, комеморации, минута молчење… свечен погреб и толку. Потоа случајот стануваше неофицијална забранета тема.
Но, ова не беше случај само во Македонија како една од поранешните југословенски републики. Хрватите, исто така, имаат многу што да кажат за ликвидациите на нивни патриоти во минатото.
Во ова досие ќе разгледаме три примери од минатото во кои е јасно воочлив т.н. потписот на Контраразузнавачката служба на Југославија (КОС). Службата чија суровост и бескрупулозност станаа митски во поранешната држава, но и зад чие дејствување има многу валкани работи. Иако, првенствено, создадена како посебен дел од третото одделение на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) по завршувањето на Втората светска војна, КОС до смртта на Тито во 1980 година се сметаше за негова лична гарда, а по него за служба во која Србите имаа доминантна улога.
Како и останатите тајни служби во светот, така и КОС имаше своја школа во која оперативците беа обучувани за вршење ликвидации, како и заташкување на тие ликвидации со наводни несреќи. Двата примера на почетокот од овој текст се опишани во многу книги на поранешни припадници на оваа служба (како, на пример, на некогашниот нејзин командант Јован Капиџиќ).
Кога ќе се погледнат деталите, неверојатна е сличноста во загинувањето на македонските дејци, генерал-полковник Васко Карангелевски, архиепископот македонски и охридски, г.г. Ангелариј, и министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков.
Целиот текст за чудните загинувања на овие тројца македонски дејци, за паушално водените истраги, за шокатните изјави на сведоци, читајте го во последниот број на неделникот „Република“, кој ќе биде во продажба од утре (петок, 25 октомври 2013).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.