32-годишната хрватска актерка Долорес Ламбаша настрада вчераутро во сообраќајна несреќа на автопатот А3 кај Велика Копаница. На истата делница од автопатот, 60 километри во правец на Загреб, во 2007 година погина и Тоше Проески, пишува хрватски „24 сата“.
Ламбаша, исто како и Тоше, загина во „туарег“ при судир со камион. Овој бил со италијански таблички. По ударот, возилото се забило во заштитната ограда, а потоа слетало во ендек. И нејзините повреди, како и кај Тоше, биле смртоносни. Нејзината несреќа се случи во октомври, наутро, во 6.20 чаот – во исто време кога настрада и Тоше.
Мештаните ја сметаат оваа делница за проклета, а вината ја наоѓаат во „подземни сили“ и „мрачни сили“. Токму на тоа место возачите се жалеле на халуцинации и необјасниви појави.
Една од мистриозните случки се случила во 1978 година кога возач на автопатот кај Нова Градишка здогледал перница со бебе. Нагло застанал и излегол на автопатот. Кога се наведнал да го подигне, перницата со бебето исчезнала.
На таа делница како што пишува „24 сата“, на возачите им се привидувале и духови. Небричен, распартален маж кој води мал коњ впрегнат на старинска кола паралелно со автопатот е еден од духовите кои возачите често го сретнувале.
Од 1 јануари 2006 година до 1 октомври 2013 година на оваа делница (од 120 километри) имало 2.293 сообраќајни несреќи, а животот го загубиле 54 луѓе. Тешко биле повредени 180 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.