Франциско Леал, 26-годишниот мексикански боксер, почина по три дена откако во рингот на мечот против Раул Хиралес, доживеа нокаут.
Првиот тежок удар во мечот Леал го доби во шестата рунда, но остана на нозе.
Две рунди подоцна падна, заврши на подот, а потоа падна во кома од која не можеша да го разбудат. Во средата е објавена неговата смрт.
Леал се бореше во категорија до 55 килограми и беше познат како „малиот војник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


