
Еден од најголемите туристички оператори во Обединетите Арапски Емирати, „Енџој Дубаи“ е заинтересиран за соработка со балканската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Ако договорот биде реализиран, Цеца ќе стане заштитно лице на популарната дестинација на Блискиот Исток – Дубаи, која ја посетуваат милиони туристи од целиот свет.
– Во следните денови ќе имаме состанок со српската ѕвезда. Ако плановите бидат реализирани, таа заедно со српските туристи ќе присуствува на промоција на оваа популарна светска дестинација во рамките на која ќе има можност да ужива во пустиско сафари, модерните градби, големите џамии, палати, како и други туристички атракции во Емиратите, велат од менаџментот на арапскиот туристички оператор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


