| четврток, 6 декември 2018 |

Ден на ООН

oonОбединетите нации денеска го одбележуваат својот ден, 24 октомври, во знак на сеќавање на усвојување на Повелбата на светската организација во 1945 година. Повелбата беше ратификувана од поголемиот број тогашни земји-членки на ОН, меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбедност.

Денот на ОН се слави од 1948 година, а Генералното собрание на ОН во 1971 година им препорача на земјите-членки да го одбележуваат 24 октомври како празник на своите територии.

По повод 24 октомври, генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун изјави дека „ОН придонесуваат за мирот и општиот развој“. Тој посочи дека судирот во Сирија е најголем безбедносен предизвик за светот, додавајќи оти милиони луѓе зависат од хуманитарната помош на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top