| четврток, 6 декември 2018 |

Втор пораз на МЗТ Скопје во Еврокупот

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го загуби и вториот натпревар во Еврокупот, а вечерва подобри од аеродромци беа кошаркарите на Макаби Хаифа и славеа со 86-83. Во возбудлив финиш, шансата за победа ја испушти најискусниот Тодор Гечевски со промашувањето на нецели 3 секунди до крајот при резултат 84-83 за Макаби Хаифа. Потоа Офоегбу погоди две слободни фрлања за потврда на победата на гостите од Израел.

МЗТ Скопје имаше предност во најголемиот дел од мечот, а сепак Макаби славеше. Клучна беше последната четвртина што домашните ја загубија со 16-24. Офоегбу во самиот финиш дури 8 пати погоди од линијата за слободни фрлања, а Американецот беше и прв стрелец на натпреварот со 18 поени. Донта Смит даде 15 коша, а Рот постигна 13 поени. Кај МЗТ Скопје Гечевски и Синовец постигнаа по 17 поени, Костовски уфрли 15, а Чековски 12 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top