Американската подружница на швајцарската инвестициска банка Кредит Свис лансира нов предлог за инвестиции на пазарот на акции , насочени кон хомосексуалната заедница, односно кон ЛГБТ.
Купците од менаџментот на друштвото, кое располага со капитал од два милиона долари , ќе можат да инвестираат во акциите на 26 компании , кои се лојални на сексуалните малцинства.
Потпретседателот на Мерил Линч прајват велт менаџмент, Бил Моран вели дека голем дел од инвеститорите со нетрадиционална сексуална ориентација избегнуваат да инвестираат во компании што манифестираат нетрпеливост кон лицата припадници на заедницата на ЛГБТИ.
Утре во Хонгконг ќе биде отворена и официјално првата деловна конференција на заедницата на ЛГБТИ во Азија , подготвена од Аут ледершип, непрофитна организација, која е посветена во помагањето на студентите со различна сексуална ориентација за да се развиваат успешно на своите работни места.
На средбата на само ќе се дискутира за проблемот со рамноправноста на хомосексуалната заедница на работното место, туку ќе стане збор и за подобрување на статусот на жените на работното место, на бремените мајки, на луѓето кои се грижат за своите блиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


