| четврток, 6 декември 2018 |

Фунтата тоне, акциите во пад

funta

Фунтата „потона“ денеска на 30-годишен минимум, а голем број акции на берзите се во пад по одлуката на Велика Британија да ја напушти европската унија. Тоа се случува бидејќи инвеститорите стравуваат за повеќемесечна неизвесност, јавуваат западни медиуми.

Британската валута утрово изгуби два отсто од вредноста бидеќи се продолжува со практиката за инвестиции кои се сметаат за безбедни како што се јенот и златото.

Одлуката за брегзит според проценки, во петокот „збриша“ 2.100 милијарди долари вредности на берзи, со што фунтата е на 31-годишен минимум во однос на доларот.

Фунтата утрово се купуваше за 1,3396 долари во однос на претходното ниво од 1,3670 долари во Њујорк и се движи кон минимумот од петокот од 1,3229 долари, што е најниска вредност на британската валута од 1985 година.

Аналитичари наведуваат дека фунтата е „исклучително ранлива“ и најавуваат намалување на каматните стапки во летните месеци.

Постои и „голема загриженост дека статусот на Лондон како глобална финансиска престолнина ќе се распадне“ доколку ги загуби т.н. пасошки права од договор за Европскиот економски простор што им дозволува на банките да бидат сместени во Британија, а производите и услугите да ги нудат во ЕУ.

„Јуришот“ на сигурни вложувања исто така поттикна скок на златото за осум отсто во петокот, највисоко ниво во изминатите две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top