| четврток, 6 декември 2018 |

Зијадин Села: не сакам Струга да биде Република Српска, јас сум во позиција да спроведувам закони

Портата на влезот на Вевчани која беше изградена на почетокот на мај оваа година отвори низа прашања помеѓу општините Струга и Вевчани. Градоначалникот на Струга Зејадин Села најави уривање на триумфалната порта на влезот од општина Вевчани ако се утврди дека катастарски и територијално се наоѓа на територија на општина Струга откако Агенцијата за државни патишта неодамна ги отстрани претходно поставените тројазични патоказни табли каде што името на Вевчани беше напишано и на албански јазик. За таа цел од страна на Општина Струга се побарани детални информации околу територијалното разграничување на двете општини. Во интервју за „Охрид Прес“, Села вели:

vevcaniporta

Не сакам да зборувам пред да ги имам информациите дали е или не на територија на Општина Струга. Ако се случи тој објект да биде во Општина Струга јас морам да ги почитувам законите. Законот за легализација помина и нема никаква логика општина да побара легализирање на нелегален објект. Дали некој граѓанин сака да им се стави граница на нивната територија без разлика дали се Македонци, Албанци или Турци. Кога зборуваме за портата не треба да забораваме дека таму минуваат и граѓани на Општина Струга. Треба ли некој да им бара и лична карта за таа порта таму минуваат жители на Подгорци. Не знам која е целта на таквите порти.

tablavevcanipodgorci

Не се работи за инает од моја страна инаетот е од нивна страна, тврди струшкиот градоначалник бидејќи се жалат  за јазик кој го зборува над 30 % од населението, во државата односно над 50 проценти од граѓаните во Западна Македонија:

Ако таа територија е на Општина Струга, Агенцијата за патишта постапила противзаконски. Има закон каде пишува ако во тие општини има каде над 20 % од населението зборува друг јазик се поставува и на тој јазик. Не знам зошто толку експресно постапи Агенцијата и ги тргна тие табели.Ваков пример има во Република Српска каде се бришат имињата на латиница. Јас не сакам Струга да биде Република Српска. Јас сум во позиција да спроведувам закони, додава Села.

Портата по некои правила требаше да се изгради кај училиштето и спортската сала во Велешта, бидејќи од тука почнува Вевчанската територија, одговори вевчанскиот градоначалник, Цветомир Угриноски на прозивките на неговиот струшки колега, Зејадин Села, кој изјави, дека ако се утрвди оти капијата е изградена на територија на Општина Струга – ќе биде срушена.

Капијата и манастирот кој се гради се длабоко на наша територија, вели Угриноски.

Портата е длабоко во територијата на Општина Вевчани, значи катастраските граници на Општина Вевчани се кон Велешта еден километар, према Лабуништа повеќе од еден километар и до Црн Дрим. Катастарски селото Горна Белица припаѓа на Вевчани, најнов пример е каде за легализација на објектите се доаѓа кај нас. Така кастарски објектите припаѓаат на територија на Општина Вевчани, тврди вевчанскиот градоначалник Цветомир Угриноски.

Спротивно на тврдењата на неговиот струшки колега Зејадин Села дека е прекршен Законот, градоначалникот на Вевчани вели дека при поставувањето на новите патокази е почитуван законот и додава дека изјавите на градоначалникот Села се избрзани или се политички:

cvetomirugrinoski

– Општина Вевчани 100 проценти е македонска општина, православна и побаравме Агенцијата да постапи согласно законот. На наша територија нема други жители, објаснува градоначалникот Угриноски.

Општините Вевчани и Струга треба конечно да седнат и да ги нацртаат општинските граници. Со новата територијална поделба општината Вевчани изгуби многу од својата територија и време е таа грешка да се исправи-додава Вевчанскиот градоначалник кој побара и средба со Струшкиот градоначалник за да се изпеглаат сите недоразбирања помеѓу овие две соседни општини. Последниот збор во вој случај кој последниве денови го привлече вниманието на пошироката јавност ќе го има Министерството за локална самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top