| четврток, 6 декември 2018 |

ЕБОР воведе нова кредитна програма од 75 милиони евра за Западен Балкан

ЕБОР воведе нова програма за одржлива енергетска ефикасност за Западен Балкан, како поддршка на напорите за подобро искористување и зачувување на енергијата во регионот. Програмата е комбинација од неопходно долгорочно финансирање и техничка експертиза. Рамката од 75 милиони евра е дизајнирана за да обезбеди кредитни линии на локалните банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, за понатамошно кредитирање на приватни компании и јавни субјекти. Средствата ќе бидат наменети за инвестиции во енергетска ефикасност и обновлива енергија. Во првата фаза програмата се воведува во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top