Студентите кои се сместени во студентскиот дом „Гоце Делчев“ сеуште немаат греење, имаат проблеми со храната, а интернет во домот имаат само привилегираните, објави Падио МОФ.
Студентка на скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“, сместена во домот вели дека годинава ниту еднаш не е пуштено парното греење, а надлежните не дозволуваат внесување на греалки или други грејни тела. Студентите се жалат дека поради немањето на продукти во студентската кантина, осудени се на седење во студени соби, без можност да со сварат кафе или чај.
„Не дај Боже“ ти се пие кафе, чај или пак супа, затоа што, постоечките решоа во речиси ниедна соба не функционираат, а најверојатно и ќе се разболиш со оглед на тоа дека од прозорците има огромен провев, а за парното греење да не почнувам како, еве сме 21, а воопшто не е пуштено досега, а и кога би било, не би се почувствувала некоја особена разлика“, вели жителка на студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Студентите велат дека покрај студентската менза остануваат гладни, бидејќи секој ден на менито има грав, пире, и некои остатоци од компир и стврднат ориз. Доколку студентите сакаат да купат нешто дополнително и тоа не им е овозможено, па спас мораат да бараат во сендвичари или продавници надвор од домот. Велат во бифето, коешто би требало да обезбедува наводна скара и сокови, има грав и10-тина парчиња месо, кои треба да се поделат на над 1000 студенти.
„Не дека лани нешто беше посјајно, меѓутоа, не бевме гладни секој ден и беа далеку подобри услови за разлика од сега“, вели станар на студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Студентите велат дека надлежните им вршеле и контроли каков интернет користат. Наместо бесплатен интернет кој би требало да е обезбеден од министерството за здравство, велат интернет им продавале членови на советот на студентскиот дом за кој им било кажано дека е единствен овластен да се користи. Велат дека студентскиот дом на Фејсбук отворил група за студентите но не биле дозволени негативни коментари.
Претседателот на студентската организација Кирил Спировски за Фактор вели дека е запознаен со проблемите на студентите со парното, но дека не знаел за проблемите со храната и интернетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


