Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, кои решија на својот новороден син да му го дадат името Џорџ Александар Луис, име што пред него го носеле шест британски кралeви, денеска го крштеваа на интимна церемонија во присуство на членови на најтесното семејство.
Името Џорџ беше фаворит на обложувачите бидејќи оддава почит на таткото на кралицата Елизабета Врота, кралот Џорџ VI кој владееше со Британија од 1936 до 1952 година.
Бебето нема автоматски да стане крал Џорџ VII кога ќе го заземе тронот, бидејќи се шпекулира дека таткото на Вилијам, принцот Чарлс, би можел да ја преземе таа титула и име кога ќе ја наследи кралицата.

Името Александар збунува многумина и покрај фактот дека Александра е средното име на Кралицата. Со оглед дека Александар не е кралско име, многумуна веруваат дека родителите токму така ќе го нарекуваат нивниот син, можеби дури и Алекс.
Џорџ, меѓутоа, беше 12-то најпопуларно име за момчињата во Англија и Велс во 2011 година и, како што пишуваат денеска агенциите, потекнува од старогрчкиот збор за селанец (фармер). Името е прилично старомодно, но во Британија од неодамна повторно се врати во тренд откако младите Британци решија да им даваат стари имиња на своите деца.
Според традицијата, повеќето членови на кралските семејства не го користат презимето, иако 1917 година, кралот Џорџ V го усвои презимето Виндзор за своето семејство.
Принцот Вилијам, кој е пилот на спасувачки хеликоптер, го користи презимето Велс,бидејќи е син на принцот од Велс.
Исто така е традиција, принцовите што ќе го наследат тронот да имаат три до етири имиња, а понекогаш дури и седум или осум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка


