Македонскиот шампион МЗТ Скопје за првпат вечерва ќе биде домаќин во Еврокупот, а нагости доаѓа израелскиот тим Макаби Хаифа. Аеродромци посакуваат сефте победа во реномираното натпреварување, иако се соочени со многу проблеми поради повредите на Кејд Дејвис и браќата Стојановски, Дамјан и Огнен.
„Фактот дека Макаби Хаифа е првак на Израел во конкуренција на еден Макаби Тел Авив е доволен да се знае за каков тим се работи. Имаат искусни и добри израелски играчи и дури седум странци или натурализирани кошаркари од сите краеви на светот. Играат брзо, без многу шаблони, со доста слободна игра еден на еден, или два на два, затоа што имаат индивидуални квалитети за такво нешто. Во одбраната постојано ги менуваат системите и со доста комбинирани одбрани ја одземаат иницијативата на противникот.
Наш најголем проблем во подготовката за натпреварот не е силината на противникот, туку многубројните повреди и неизвеност на кого ќе можеме да сметаме за овој натпревар. Но и покрај се, со помош на нашите навивачи кои овој пат ги повикувам да дојдат во што поголем број и максимално ангажирање на сите играчи, убеден сум дека можеме да дојдеме до позитивен резултат во утрешниот меч” изјави тренерот на МЗТ Скопје Влада Вукоичиќ, за клупската интернет страница на македонскиот шампион.
Хаифа има неколку навистина добри кошаркари предводени од американското дуо Брајан Рендл и Ике Офоегбу. Во составот е и една од легендите на израелската кошарка Идо Козикаро, долгогодишен репрезентативец на оваа земја.
Натпреварот се игра од 18 часот во салата “Борис Трајковски“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика


