– Вработените во градинките и директорите на установите за деца да не се грижат околу лиценцирањето на стручните лица вклучени во системот на згрижување, воспитување и образование на децата од предучилишна возраст – порача министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
За спроведување на процесот е формирана посебна Комисија која изработува сеопфатна програма. При изработката на програмата, според Спасов, се користи обемна литература, од која ќе произлезат едноставни прашања и брошура која ќе им помогне на вработените во градинките полесно да го совладаат материјалот врз кој ќе се проверуваат стручните знаења.
– Лиценцирањето за вработените воспитувачки и негувателки ќе биде бесплатно, тие нема да плаќаат за издавање лиценца. Од Комисијата барав да се врши и регионално полагање на испитите. Полагањето за добивање лиценца ќе се спроведува и во Охрид со цел вработените да имаат што помалку трошоци, да не одат до Скопје за да го полгааат стручниот испит – изјави Спасов.
Процесот на лиценцирање ќе се реализира во сесии и по региони согласно бројот на пријавени кандидати, најдоцна до јули 2014 година.
– Процесот треба да заврши кон крајот на јули идната година. Има доволно време за сите вработени да го поминат, да го совладаат материјалот, кој дополнително ќе биде објавен. Прашањата ќе бидат објавени со материјал кој вработените ќе треба да го совладаат. Доколку има одредени проблеми ќе помагаме да се надминат за да се лиценцираат сите вработени во градинките и воопшто да не се грижат – појасни Спасов.
Оние што нема да го положат испитот, нагласи, не ќе можат да се занимаваат со згрижување на деца.
– Процесот на лиценцирање е проверка и котрола на знаењето и познавањето на основите за згрижување деца. Се проверува дали некоја вработена или што треба да биде вработена во градинките е осудувана за семејно насилство, насилство врз дете,… Затоа, при процесот се води сметка за се – рече ресорниот министер.
Директорката на детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид Розе Костеска е уверена дека проверката на стручното знаење и лиценцирањето нема да биде товар за вработените во установата.
– Нема простор за паника, станува збор за искусни луѓе кои веќе работаат со деца, ја познаваат воспитно образовната работа и теоријата, бидејќи завршиле соодветно образование, нема потреба да се плашат од прашањата – изјави Костеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски