| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Трајковски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба

toni trajkovskiAктуелениот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов градоначалнички мандат. Тој вечерва пред граѓаните на Гази Баба ја презентираше својата визија за иднината на општината.

За следниот мандат најави завршување на низа тековни и отпочнување на нови проекти.

– Како и досега и во иднина да бидеме пример како треба да се грижиме за правилното воспитување и правилниот развој на нашите деца во градинките и училиштата, да продолжиме со епитетот најспортска општина во државата, а препознатливоста дека сме општина со голем број на индустриски капацитети, е и наша поголема обврска да се грижиме за чиста и здрава животна средина, рече Трајковски.

Осврнувајќи се на сработеното во изминатиот мандат, Трајковски меѓу другото ги посочи изградбата на патната инфрастуктура  од 60 километри, новата мрежа за фекална канализација, местата за паркирање за 1000 возила, пешачките патеки, како и детските и мултифункционалните игралишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top