Во деведесеттата година од животот, во Охрид, почина Марика Златарева – Топенчарова, хероината Елена од филмот „Преку езерото“ на режисерот Антонио Митриќески, по сценарио напишано од него во соработка со писателот, академик Ташко Георгиевски, јавува Охрид прес.
Овој македонски филм, во полска копродукција, е снимен 1997 година. Инспириран е од вистински настани и, на некој начин, е драматуршка елаборација на претходно снимениот документарец на Митриќески „Љубовта на Кочо Топенчаров“.
Во филмот на Митриќески, главната хероина се вика Елена Златарева, додека нејзиниот сакан го носи истото име од реалниот живот – Константин. Тој почина во Охрид во 1999 година, 9 години откако со семејството се врати од Албанија во родниот град, после 40 години поминати во албанските казамати – како затвореник, или по планиснките кршеви како геометар. Во филмот ликот на Константин го игра Никола Ристаноски, а на Марика (Елена) – Агњешка Вагнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.