Лекарите сѐ уште се борат за животот на младата хрватска актерка, која утрово беше дел од тешка сообраќајна несреќа. Од болницата за хрватски „Индекс“ потврдуваат дека таа се наоѓа во тешка состојба и дека е неизвесно дали ќе преживее.
Во меѓувреме, полицијата поднесе кривична пријава против нејзиниот пријател и колега, актерот Стојан Матавуљ, кој управувал со автомобилот „нисан“. Според извештајот, 52-годишниот Матавуљ, поради недржење на доволно простор помеѓу двата автомобили, удрил во задниот дел на другиот автомобил „поло“, со кој управувал 40-годишен возач.
По судирот и двата автомобили излетале од патот, а возилото во кое се возеле актерите, се превртило, по што 32-годишната Долорес Ламбаша е во критична состојба, а Матавуљ поминал само со полесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.