Грчкиот Парламент синоќа ги усвои измените на Законот за финансирање политичките партии, со кои се овозможува запирање на државното субвенционирање на екстремно десничарската партија Златна зора, кој властите ја е оквалификуваа како „неонацистичка криминална организација“.
За измените на Закнот се изјаснија 235 од вкупно 300-членови на грчкиот Парламент. Со измнените се предвидува прекин на државното финансирање на некоја политичка партија, доколку нејзините лидери или најмалку една десетина од нејзините пратеници бидат обвинети за членување во „криминална организација“ или за „терористички активности“. Шестмина на пратеници на Златна зора, вклучително и највисоките партиски лидери, веќе се обвинети за криминално здружување и криминални активности.
Во 2013 година Златна зора од државата доби субвенции во износ од 873.000 евра, откако на ланските парламентарни избори освои речиси седум отсто од гласовите.
Најновите анкети на јавното мислење покажуваат пад на популарноста на Златна зора, но таа и натаму е трета по јачина политичка партија во Грција по владејачката Нова демократија и најголемата опозициска партија СИРИЗА.
Измените на законот за финансирање на партиите, за кои Владата и опозицијата постигнаа консензус, беа поднесени во рамки на „офанзивата“ на владината коалиција против Златна зора, по убиството на раперот Павлос Фисас од страна член на оваа партија, пред еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


