| четврток, 6 декември 2018 |

Умерен сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на патиштата низ се одвива непречено, по суви коловози со среден и умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Од АМСМ потсетуваат дека веќе започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес – Кадрифаково, а на патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и е регулиран со поставена соодветна патна сигнализација. Воведена е и времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top