Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, го оквалификува денеска бомбашкиот напад врз американската Амабасада во Анкара како терористички акт. Нагласи дека не е познато кој е одговорен за нападот.
– Бомбашкиот напад е терористички акт, но во овој момент не знаеме кој е одговорен за него и со какви мотиви е извршен, изјави тој.
Нападот го осуди и претседавачот со конгресниот Комитет за надворешни работи, републиканецот Ед Ројс, соопштувајќи дека тоа е уште едно потсетување на постојаната закана за американските државјани во странство.
– Нападот кој се случи по оној во Бенгази, истакнува неопходност за сеопфатна проверка на безбедноста на нашите дипломатски претставништва во светот – нагласи Ројс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


