| четврток, 6 декември 2018 |

Турција го доби првиот секс-шоп

seks sop turcija

Турција го доби првиот исламски секс-шоп во кој се продаваат кондоми, масла за масажа и парфеми. Веб-страницата „Halal Sex Shop“ поседува целосно сигурни продукти во согласност со исламскиот закон. Интернет-корисниците кои ќе влезат на страницата ќе се најдат на два различни линка кои ќе ги упатат на посебни одделенија за машки и за женски производи.

Другите делови на веб-сајтот се предвидени за разговор за секс во контекст на исламот, како: Сексуалниот живот во исламот,  Орален секс во согласност со исламот…

Анонимниот основач на веб-сајтот смета дека употребата на секој производ што го има во интернет-продавницата е во согласност со исламот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top