
Италијански суд двојно ја намали првично одредената сума пари што треба поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони да ја плаќа на својата поранешна сопруга.
Берлускони, на Вероника Ларио со која има три деца ќе треба да и плаќа по 1,9 милиони долари месечно. Поранешната актерка Ларио поднесе барање за развод во 2009 година.
Берлускони претходно изјави дека тричлениот судски совет донел „нереална“ пресуда, бидејќи бил составен од „феминистки и комунистки“.
Брачниот пар беше заедно 22 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


