
По малата Марија, која беше одземена од ромско семејство во Грција, под сомнение дека се работи за киднапирано девојче и ирските власти одземаа седумгодишно девојче. Се работи за дете кое живеело со ромско семејство во Даблин
во местото Талафт. Тоа е предадено на ирската здравствена служба на основа на законот за заштита на децата од 1991 година.
Дневниот весник The Sunday World, објави дека полицијата интервенирала по дојава дека девојчето физички изгледа сосема поинаку од луѓето кои го чуваат. Седумгодишното дете има руса коса и сини очи. Лицата коишто живеат со неа тврделе дека таа навистина е нивна ќерка родена 2006 година. Извадиле извод од матичната книга на родените и пасош, но ниту тие документи не ја убедиле полицијата дека ја зборуваат вистината. Според The Sunday World, со ДНК анализа би можело да биде утврдено дали постои роднинска врска меѓу девојчето и нејзините старатели.
Според законите во Ирска, детето може да остане во здравствената служба еден месец, а потоа ќе биде вратено на лицата коишто се грижат за него или, пак, ќе биде сместено во друга институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


