| четврток, 6 декември 2018 |

Малата Марија била продадена за 1.000 евра

marija

Грчката полиција го истражува идентитетот на девојчето познато како Марија, обидувајќи се да ја поврзе со десетината пријавени случаи на исчезнати деца. Досега биле пријавени случаи nа исчезнати деца од земји како што се САД, Шведска, Полска и Франција.

– Сите овие случаи внимателно се истражуваат – вели Панагиотис Пардалис, претставник на хуманитарната организација „Детска насмевка“, која ја презема грижата за девојчето.

Против двојката која го имала девојчето кај себе беше покренато обвинение за киднапирање на девојчето. Тие се наоѓаат во притвор по сослушувањето од судот во Лариса, кој ги обвини за киднапирање на русокосото девојче.

Двојката инсистира на тврдењето дека не го киднапирала девојчето. Тие нуделе гаранција за слобода, тврдејќи дека така ќе ја пронајдат жената за која тврдат дека го напуштила детето. Од друга страна, пак, соседите тврдат дека се зборувало дека детето го купиле за 1.000 евра.

Извор за „Дејли меил“ изјавил дека мажот во 2009 година бил отсутен на неколку дена кога го повикала сопругата и му рекла дека во куќата има бугарска двојка која не го сака своето дете. Изворот додава дека тој не го сакал девојчето затоа што не сака „бомба“ во куќата.

Ромската двојка досега неколку пати ја менувала својата приказна за тоа како Марија дошла кај нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top