| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос: Климата не се менува со провоцирачки изјави

venizelos_karate

Грција бара сложено име со географска одредница за севкупна внатрешна и надворешна употреба, при што одредницата ќе стои пред терминот „Македонија“, а не пред терминот „република“ – уште еднаш нагласи грчкиот министер за надворешни работи, Еванглос Венизелос.

Ова е прв коментар на грчкиот министер по изјавата на Груевски дека ако земјава е БЈРМ, тогаш Грција е „поранешна отоманска провинција“.

-Од особена важност е да се промени климата, но климата не се менува со провоцирачки изјави од типот дека Грција треба да се вика поранешна отоманска провинција,тоа е еден вид навредување, потсмевање со процесот и одлуките на ОН, и жал ми е навистина, па дури и да беше еден јазичен лапсус, а не суштинска политичка забелешка се надевам дека беше  јазичен лапсус, и исто така не е можно јавно да се искажува позицијата – ние не прифаќаме ниедно име кое го засега уставното, и тоа што значи дека не го прифаќаме ни самиот процес во ОН? Треба да го почитуваме генералниот секретар и советот за безбедност. Аргументот кој вели дека националните устави ги одредуваат и националните имиња, во ЕУ не важат.  Бидејќи во Европската унија, сите  земји доста често одат на промена на уставните адаптации за усогласување со европското законодавство, сите земји постојано ги менуваат нивните устави за да се формира оној заеднички европски уставен простор“ – нагласи тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top