
Првиот човек на одбраната, Талат Џафери се сретна со својот грчки колега Димитриос Аврамопулос. Нивниот разговор се слули во Брисел на маргините на претстојниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО и не-НАТО земјите кои се контрибутори во силите ИСАФ во Авганистан.
На средбата, која, како што информираат од Македонското МО, се одржа на барање на македонската делегација, министерот Џафери изрази благодарност за можноста за нејзина реализација, и тоа во насока на јакнење на билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста.
Грчкиот министер Аврамопулос ја потврди подготвеноста за поддршка на сите иницијативи и тоа во мултилатерален, регионален и билатерален формат.
Воедно, соговорниците заеднички ја потврдија и вредноста на дијалогот во надминувањето на сите предизвици и јакнењето на соработката.
Министерот за одбрана на Република Грција упати покана до министерот Џафери за остварување на посета на Атина во скоро време.
Средбата на министрите Џафери и Аврамопулос е втора билатерална средба во последните два месеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


