| четврток, 6 декември 2018 |

Марјана и по ѕвездите продолжи да танцува (фото)

marjana
И оваа година повторно сите заедно со иста цел, да помогнеме на оние на кои нашата помош им е најпотребна. Затоа оваа година повторно се одбележува ПХВ (Промоција на хуманите вредности) неделата, но овојпат под тема “Промоција на различности” се подготвува ПХВ Шоу! – велат од Црвен Крст

Волонтерите од Црвен крст на град Скопје подготвиле спектакуларно ШОУ, неверојатни 60-тина минути исполнети со песна, глума, танц.

-Заедно со нас, волонтерите, Маријана Станојковска и нејзиниот партнер од Танц со ѕвездите Илија Карадакоски подготвија необично и несекојдневно изненадување за сите присутни. За да се зачини музичкиот дел на сцената се појави и верната пријателка на Клубот на млади Викторија Лоба со музичка изведба – велат од Црвен Крст.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top