Серија репортажи за убавините на Македонија, за обичаите, традициите и за менталитетот на жителите на нашата држава ќе бидат емитувани во почетокот на идната година на каналот на НТВ – руска телевизија. Оваа ТВ-куќа е втора по гледаност во Русија, со над 130.000.000 гледачи, а преку сателитскиот канал програмата се гледа и во Америка, Израел, Канада, Европа, Азија и во Австралија.

-Пет дена сме во Македонија и имавме можност да го разгледаме Скопје со неговите културно-историски знаменитости: Калето, Старата чаршија, Матка, ‘Пантелејмон’, повеќе музеи и галерии”. Вака го почна разговорот Димитриј Воздвиженскиј, новинар кој ги подготвува репортажите за емисијата „Нивниот менталитет”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


