Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов ќе биде кандидат за претседател на следните претседателски избори во 2014 година.
Потпретседателотна „Достоинство“ , Благоја Марковски на денешната прес конференција информираше дека партијата одлучила да го кандидира Ангелов за претседател и дека нивните активности во иднина ќе бидат насочени кон собирање на 10.00 потписи кои се потребни за кандидатура.
„ Со почит кон досегашните претседатели Киро Глигоров. Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов кои беа претседатели во најтешкиот период, период на создавање на независна македонска држава и одбрана на нејзиниот територијален интегритет и тешки предизивици, ми преостанува доколку бидат избран за претседател во наредниот период на уште потешки предизвици, да ветам дека поцврсто, попринципиелно и бескомпромисно ќе се борам и ќе ги застапувам и бранам македонските национални и државни интереси“, изјави денеска Ангелов.
Од „Достоинство“ посочуваат дека нивниот кандидат очекува да ги доби гласовите од незадоволните граѓани од случувањата во изминатите 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.