| четврток, 6 декември 2018 |

Кому „Гугл“ му ја посвети денешната анимација?

Денешната анимација на почетната страна на „Гугл“ е посветена на Французинот Андре-Жак Гарнерин, кој на денешен ден пред 216 години првпат скокнал со падобран.

Гарнерин во далечната 1797 година полетал во кошница која била врзана за балон и стигнал до 1.000 метри височина.

Неговиот падобран потсетувал на затворен чадор при полетување, а на 1.000 метри височина тој го откачил балонот со кој одлетал и отворил свилен падобран.

Гарнерин паднал на земјата со кошницата и падобранот, но поминал без повреди.

По тоа, Гарнерин направил уште многу балони и обавил повеќе скокови, но починал во 1823 година, кога на градилиштето на новиот балон го удрила греда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top