| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели ќе проба да се справи со моќната Барселона

Милан ќе добие засилување за дуелот од третото коло во Лигата на шампионите против Барселона откако Марио Балотели ги мина последните лекарски тестови, по што доби зелено светло за настап против каталонскиот гигант

baloteli

Балотели пропушти неколку средби поради суспензија, миланезите очекуваа негово враќање на мечот со Удинезе, но тој се повреди, зголемувајќи ги главоболките на тренерот Алегри.

За среќа на италијанскиот гигант, повредата не беше од посериозен карактер и Балотели во последните два дена тренираше со намален интензитет, за денеска и официјално да биде потврдено дека тој ќе може да настапи против Барселона. За разлика од него, од комбинација за настап отпадна голманот Кристијан Абијати, па сега улогата на прв чувар на мрежата ќе му биде доделена на Амелија.

Само за потсетување, Милан лани во нокаут-фазата од Лигата на шампионите ја совлада Барселона на „Сан Сиро“ со 2-0, но тоа, сепак, не беше дозволно за да се стигне до следната рунда откако реваншот на „Камп ноу“ заврши со триумф на каталонскиот гигант од 4-0. Марио Балотели не играше на тие средби бидејќи немаше право на настап во ЛШ откако претходно играше за Манчестер сити во елитното европско натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top