| четврток, 6 декември 2018 |

ДЗР: Поранешниот министер Бејта незаконски префрлил 1,5 милиони евра на општина Чаир?

NevzatBejta_4

Поранешниот министер за локална самоуправа Невазд Бејта, иако согласно законите немал право, сепак на општина Чаир и префрли 1,5 милион евра, се открива во ревизорскиот извештај направен за работата на министерството за локална самоуправа. Освен ова, ревизорите констатирале и вработувања со авторски договори спротивно на важечките правила и закони, јавува Фактор.

Во министерството за локална самоуправа биле планирани средства наменети за капитални дотации за општините во вкупна вредност од 1,5 милион евра, но без да се конкретизира кои општини и кои проекти ќе се поддржат. Речиси целата планирана сума за оваа намена, министерството ја префрлило на сметката на општина Чаир. Ова според Државниот завод за ревизија е спротивно на член 25 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

„Министерството за локална самоуправа нема надлежност во делот на трансферирање на Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа односно да финансира изградба на капитални објекти кај едниниците на локалната самоуправа освен за оствраување на и користење на средства за наменетеи за стопански недоволчно развиении подрачја. Ефект од оваа состоба е нетранспрантност при буџетирањето и ризик од ензаконско финансирање на капитални проекти во општините,стои во извештајот на ревизорите.

Државниот завод за ревизија препорачува, во иднина Министерството за локална самоуправа, при изготвување на Буџетот да планира средства за остварување на надлежностите кои му се со закон утврдени.

Се вработувало и без оглас

Ревизорите констатирале и други прекршувања. Имено, министерството за локална самоупрва во 2011 и 2012 година склучило авторски договори со шест лица и тоа шеф на кабинет, шофер за потребите на министерството, одговорен за односи со медиумите, стручна и административна поддршка на министерот и советник во кабинетот на министерот. Но, ревизијата констатирала дека тие лица извршуваат задачи што не може да се опфатат со авторски договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top