
Српскиот новинар Миломир Мариќ тврди дека Мира Марковиќ, вдовицата на Слободан Милошевиќ и го загорчила животот на Јованка Броз поради суета и љубомора. Според новинарот, Мира во Јованка гледала конкуренција, затоа што сакала таа да биде прва дама.
– Мира сакаше таа да биде прва дама на епохата, а не Јованка. Без оглед на сето тоа, никогаш не го стигна нејзиното ниво. Тука има уште еден факт- неа Даворјанка Пауновиќ, првата љубов на Тито, и била тетка, вели Мариќ за српски Курир.
– Уште кога Слобо беше во подофицерска школа во Задар, Мира при една посета му рекла: „Слободане, овака, како што сега стои сликата на Тито на ѕид, така твојата ќе стои еден ден и тоа наскоро.“ Тоа е една од причините зошто Јованка во времето на Милошевиќ живееше заборавена во голема сиромаштија, затоа што никој не се осмелуваше да и понуди помош поради Мира, вели тој.
Новинарот смета дека УДБА била опседната со Јованка и дека по многу години произлегло дека и подметнувале многу работи затоа што претставувала опасност за нивните валкани работи.
– И сместуваа љубовни афери затоа што знаеја дека некои работи од неа не можат да дојдат до Тито. Можеби можела да спречи и распад на Југославија, но многу други го сакаа токму спротивното. И успеаја во тоа. Но, страшно е што како жена на поранешен државни е оставена да живее во беда. Никогаш не ја раскажа својата страна од приказната, а можеше да ја продаде на многумина, нагласил Мариќ и додал дека најпрво Љубичиќ, па потоа и Доланц, но и многу други сакале да ја направат луда, невротична и непресметлива жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


