Хаварија се случи викендов во ООУ “Св.Климент Охридски” во Делчево, 3500 литри нафта се излеаја по земјата, јави Делчево денес
Хаваријата според првичните истражувања е предизвикана од дефект или поточно поради пукање на еден од вентилите и ослободување на цревото преку кое истекува нафтата.
Од првичните информации кои засега се познати иако се неофицијални не станува збор за човечки фактор, ниту пак за кражба на нафта или пак намерно предизвикана хаварија и штета.
Истрагата е во тек и случајот ја чека својата завршинца, а од ООУ “Св.Климент Охридски” се надеваат дека наскоро се ќе се реши и ќе биде во најдобар ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


