Вашингтон и Анкара нападот на бомбашот самоубиец во американската амбасада во турскиот главен град Анкара го квалификуваа како терорситички акт.
Во експлозијата покрај бомбашот, загинал и еден турски стражар во амбасадата, имало и неколкумина повредени. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган апелира на поинтензивни светски напори во борбата против тероризмот. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Експлозијата се случила крај страничниот влез на заградата на американското дипломатско претставништво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


