–Кога тргна на поход по светот Пред дождот играше во 50 земји, во редовна дистрибуција во кина, на телевизија. Се печатеа рецензии на филмот и покрај нив имаше мапа на Европа, со заокружено каде е Македонија – на пример во Јапонија – како се изговара зборот. Тоа е факт што не можеме да го избегнеме, дали ни се допаѓа или не – вели амбасадорот на македонската култура, Милчо Манчевски во интервју за Гласот на Америка.
За меѓународните предизвици пред кои е исправена Македонија денес, Манчевски со коментар:
„Не е лесно да си мал, при тоа и сиромашен и мораш да бидеш многу мудар, вреден, паметен, чесен и кон себе и кон сите луѓе во мала земја, за во тие меѓународни предизвици да не го јадеш стапот. Треба многу чесен, сплотен и заеднички ангажман, за Македонија да постигне нешто во тој меѓународен ангажан, за животот во самата земја да стане поубав“.
Го завршил новото сценарио за филм и размислува каде ќе го реализира, најверојатно во Берлин. Подготвува и нова изложба на фотографии, по патеките на претходните „Улици“ и „Пет капки сон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



